Јилдирим: САД и Русија се расправаат како уличари
Турскиот премиер Бинали Јилдирим ги повика САД и Русија да се откажат од „улични расправии“, објави електронското издание на турскиот весник „Акшам“.
– Објавуваат твитови, се закануваат еден на друг. Се расправаат како уличари, како да се во улична расправија, изјави Јилдирим во врска со кризата меѓу Вашингтон и Москва.
– Едниот вели: Јас имам поубава ракета, другиот вели: Јас имам поубава ракета, додаде турскиот премиер, коментирајќи ја трката во вооружување меѓу двете сили.
Тој истакна дека на крајот плаќаат мирните граѓани.
– Сега не е време за конкуренција. Сега е време да се преврзат раните во регионот, рече Јилдирим.