(ФОТО) Јелена Јованова во прегратка на Анџелина Џоли
Македонската актерка Јелена Јованова која живее и работи на релација Скопје-Загреб, објави фотографија на која е прегрната со холивудската ѕвезда Анџелина Џоли. Јелена глумеше во филмот „Во земјата на крв и мед“ што го режираше Џоли, по што останале во пријателски односи.
Јелена многупати изјавила дека е во контакт со Џоли и по снимањето на филмот. Покрај заедничката фотографија таа напиша дека Анџелина е жената што ѝ го променила животот.
Откако низ медиумите се појавија информации дека познатата актерка, Ангелина Џоли, има само 36 килограми, како и дека нејзиното здравје е сериозно загрозено поради анорексијата, повторно на социјалните мрежи се споделува љубовното писмо кое Бред Пит и го напиша пред неколку години, кога актерката беше на работ на анорексија.
„Мојата жена е болна. Постојано беше нервозна поради проблемите на работа, проблемите во приватниот живот и поради проблемите со децата. Ослабна 15. килограми, беше тешка само 44. килограми во својата 38. година од животот. Стана многу слаба и постојано плачеше. Не беше среќна жена. Имаше главоболки, болки во срцето и проблеми со ’рбетот. Не спиеше воопшто и беше изморена. Нашата врска беше на работ од развод. Нејзината убавина беше само сенка, таа престана да се грижи за себе“ – признал Бред.