Што јаде Меланија Трамп за да изгледа вита на 47 години?


САД- Првата дама на САД Меланија Трамп има прекрасно тело, долги нозе, тенка половина и тонирани раце. Меланија Трамп има 47 години и изгледа извонредно и тоа никој не може да го негира. Се разбира, голем дел од заслугите за нејзината форма имаат гените,  но ако Првата дама го има истото тело како и кога имаше 17 години на модните писти, тоа е исто така благодарение на нејзината рутинска исхрана. Меѓутоа, таа не зборуваше детално за диета, туку за здрав режим на исхрана.

„Сакам да јадам здраво, бидејќи се чувствувам подобро и имам повеќе енергија“, рече таа, објаснувајќи го својот личен однос кон храната.

Задолжителен дел од исхраната на Првата дама е овошјето кое не смее никогаш да недостасува на масата. За здрав доручек богат со витамини, г-ѓа Трамп преферира лесно и здраво смути кое вклучува: органско овошје и зеленчук измешано со немасен јогурт, маслиново масло, ленено семе, Омега 3 и витамин Д. За ручек и вечера, на нејзиното мени може да се најде многу зеленчук (без кромид и артичоки), бело месо и риба.

Ова не значи дека Меланија никогаш не јаде благо и не си дозволува слатки задоволства, таа не ги исклучува слатките работи од исхраната, туку само јаде умерено бидејќи како што вели таа:

„Тие се добри за телото и за расположението“. Единстевното нешто на кое треба да внимавате е да не претерате.

Таа признава дека ѝ недостига Њујорк, особено поради рестораните и нејзиното омилено јадење со пилешко, сервирано со домати и сирење, подготвено во ресторанот на Жан Џорџ во Менхетен.