Шпанија и Франција најмногу користат пестициди


Статистиката на продажба на пестициди се користи како индикатор за употребата на пестициди во земјоделството. Меѓу 20 земји членки на ЕУ, чии податоци биле достапни за Еуростат, статистичката агенција на ЕУ, Шпанија, Франција, Италија и Германија пријавиле најголемо количество продадени пестициди, или 79 отсто од вкупните количини. Овие земји се истовремено и главните производители на земјоделски производи во ЕУ, кои заедно користат околу половина(46 отсто) од расположливите земјоделски површини и речиси половина (47 отсто) од вкупното обработливо земјиште.

Од вкупната продажба на пестициди, најголеми количини отпаѓаат на фунгициди и бактерициди, потоа хербициди, уништувачи на мувли и инсектициди.