Шопинг


Попустите ве тераат да купувате.

Короната да штедите.

Што ќе изберете?

Мода или егзистенција?

Изглед или здравје?

Дали мислите само на себе или и на другите?

Дали сочувствувате со немоќните или животот продолжува понатаму?

Дали постои воопшто соодветно време за трошење?

Како е да се живее во свет полн со сиромаштија, закани, одмазди и бегалци?

Со шопингот сакате да заборавите на реалноста или едноставно да купите по реална цена?

Каков е вашиот ритуал?

Купувате спонтано или плански?

Од потреба или од хир?

Да ви биде фино или да се пофалите со ново парче?

Каде ќе ја носите новата гардероба?

На работа, на настани или ќе ви се трупа во орманот?

Ќе ја облечете сто пати или два пати во годината?

Дали во Македонија е престиж или невкус ако носите Гучи, Витон или Шанел?

Некој ќе примети или важно е вие да си знаете?

Кај нас пригодата и дрес-кодот се мешаат со скапи брендови и желбата за фалење.

На улица ќе видите дотерани жени како за навечер, а на свечани настани како што никогаш не сте очекувале.

Значи не е до парите, туку до усулот, вкусот и критериумите.

Зашто некој има стил, а нема пари, некој има пари, па купува стил, а некому му е гајле што ќе речат другите.

Темата е чувствителна. Секогаш ќе има за и против, а дилемите ќе постојат колку  човештвото и пандемијата.