Шинед О’Конор стана муслиманка и го смени името во Шухада


Ирска- Поп- ѕвездата Шинед О’Конор (51) која стана славна со најубавата балада на светот “Nothing Compares 2 U” одлучи да го прифати исламот како своја религија и веќе има ново име Шухада Давит.

Пејачката, мајка на четири деца, на својот профил на Твитер објави дека таа повеќе не е католик. Ирските медиуми во своите вести потсетија дека до пред само некое време пејачката припаѓаше на една католичката секта, каде што беше и свештеник, а долго време во јавноста одеше и во свештеничка униформа.

-Сакам со гордост да објавам дека станав муслиман. Тоа беше природен заклучок на моето интелигентно богословско патување. Сите свети книги водат кон исламот. Ќе имам и ново име. Ќе се викам Шухада – пишува пејачката на Твитер.

Шинед лани беше на психичко лечење во САД.