Шилегов: Забраната за моторни возила на Водно останува во сила


„Забраната за движење моторни возила на Водно засега останува во сила. Понатаму ќе соопштиме дали и какви мерки понатаму ќе преземе Град Скопје“, изјави денеска скопскиот градоначалник откако деновиве во јавноста се прошири веста дека на Водно ќе се наплаќа за паркирање, а ќе се укине одлуката за забрана за возила на Водно.

Кон крајот на минатата година беше воведена забраната за возење на Водно, а градоначалникот Петре Шилегов тогаш изјави дека тоа е една од мерките за намалувањена загаденоста во градот.

Забраната за возење до Средно Водно важи во викендите, а се применува од крајот на ноември.