Шефовите на дипломатиите на Грција, Бугарија, Хрватска и Романија до крајот на годината ќе ги посетат Македонија и Албанија


САД– Министрите за надворешни работи на Грција, Бугарија, Романија и Хрватска, до крајот на годинава планираат да ги посетат Македонија и Албанија. Ова, според шефот на грчката дипломатија, било договорено на квадрилатералната средба во Њујорк на која учествуваа шефовите на дипломатиите на четирите земји од регионот, членки во ЕУ.

– Се договоривме да ја интензивираме нашата соработка, пред сѐ, за стабилизирање на нашиот регион. Планираме до крајот на годината четворицата заедно да ги посетиме Албанија и Северна Македонија за да видиме на кој начин ќе им помогнеме во процесот на европскиот пристап, рече Никос Коѕијас по завршувањето на средбата.

Министерот за надворешни работи на Грција е дел од грчката делегација предводена од Алексис Ципрас на Генералното собрание на ОН, а во текот на денешниот ден, Никос Коѕијас ќе оствари средба со специјалниот претставника на ОН во разговорите за името, Метју Нимиц.