Шекеринска: Вселената знае дека Македонија е заинтересирана да за реши името
Врз база на сегашните и претходните средби што сум ги имала одговорно тврдам дека потезите што ги направи Македонија не само во поглед на преговорите за името, во поглед на аеродрoмот и автопатот, покажаа дека, од вселената Македонија е заинтересирана за решение, рече вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска вечерва во гостувањето во емисијата Топ тема на ваша страна на ТВ Телма.
Врз основа на сето тоа што го понудивме, потенцираше, на сите им е јасно дека Македонија e заинтересирана за решение.
– Преговорите може да успеат само ако двете страни тоа го посакуваат и ако во еден момент најдеме решение со кое и двете страни можат да живеат и да го спроведат. Се повеќе од тоа е барање само на виновник, рече Шекеринска, оценувајќи дека во целиот процес Македонија кај меѓународната заедница е доживеана како зрела и одговорна држава.
Како што вели, за интеграциите на Македонија и во НАТО и во ЕУ постои подготвеност да помогнат и САД и други пријателки членки.
Таа порачува дека Македонија во секој случај мора да продолжи со домашните реформи и доколку годинава не биде примена во НАТО.
– Фокусот мора да биде на нашата стретешка цел. Денес Македонија нема покана за НАТО и Македонија си ја гарантира сопствената безбедност. Она што нам ни останува како опција е да не го изгубиме фокусот којшто сега го имаме на домашни реформи и во случај да влеземе во НАТО и во случај тоа да не се случи, наведе Шекеринска, дополнувајќи дека кризата во 2015 не ни се случи дека не бевме во НАТО и ЕУ, туку поради лошата внатрешна состојба.