Шанел лансираше прва колекција на шминки за мажи
Франција-Култната француска куќа Шанел на пазарот ја лансираше првата, револуционерна мејк-ап колекција наменета за мажи, под името ‘Boy de Chanel’.
Колекцијата содржи три есенцијални производи во минималистички пакувања, а името – ‘Boy de Chanel’ – се однесува на Бој Капело, љубовникот на легендарната Коко Шанел. ‘Boy de Chanel’ содржи течна пудра, балзам за усни и моливче за веѓи. Во продажба ќе биде на почетокот на септември.