Шанаја Твејн се извини за изјавата дека би гласала за Доналд Трамп
КАНАДА – Канадската кантри и поп пејачка Шанаја Твејн се извини за своја изјава во интервју за „Гардијан“, во која вели дека би гласала за Доналд Трамп за претседател, доколку би имала можност за тоа.
– Им се извинувам на сите што ги навредив. Прашањето ме фати неподготвена. Како Канаѓанка, јас се каам за тоа што го одговорив на неочекуваното прашањето без да дообјаснам малку повеќе, напиша пејачката на Твитер.
Натаму, таа нагласува дека е строго против каква било дискриминација додавајќи дека „не ги следи моралните убедувања на сегашниот претседател (на САД)“.
Во интервјуто претходно, таа рече дека, доколку би била државјанка на САД, би гласала за Трамп, затоа што и изгледа искрен.
– Мојот одговор беше чуден, но не треба да се сфати како пример за моите вредности, ниту пак, дека сум негова следбеничка, вели таа во објавата.