Четири концерти на Каролина во Македонска филхармонија
Поп-ѕвездата Каролина Гочева-Корубин, за прв пат во својата кариера ќе се претстави во живо на концерт, заедно со комплетниот состав на Македонската филхармонија.
Концертите се закажани во деновите на љубовта, на 15-ти и 16-ти февруари , а поради големиот интерес закажани се уште два, на 20 и на 22 февруари. На репертоарот се песните од проектот „Македонско девојче“, „Извор“ и некои од најубавите песни од претходните албуми на Каролина во живо, во комплетно нови аранжмани.
Влезниците во максимално ограничен број по цена од 1.000 денари се пуштени во продажба онлајн и на продажните места на Авалон.
Фото: С. Рајхл