Четиримесечно бебе почина од морбили во Албанија
На Универзитетската клиника „Мајка Тереза” во Тирана почина четирмесечно бебе, како последица од компликаци од морбили.
Албанскиот државен Институт за јавно здравје информира дека бебето имало и пулмолошки проблеми.
– Компликациите од морбилите резултираа со смрт на четиримесечно бебе. Само во првите две недели од јануари регистрирани се 15 случаи на мали сипаници, се наведува во соопштението на Институтот.
Во Албанија лани во март беше прогласена епидемија на морбили, кои во земјата се појавија во поголем обем по три децении. Вп тој период беа регистрирани над 600 случаи на заболени од различна возраст.
Како последица од болест починаа три лица – 13-годишно девојче и четримесечно и осуммесечно бебе.