Чавушоглу: Берлин и Анкара се залагаат за територијална целост на Сирија


Берлин и Анкара ќе соработуваат по прашањето за надминување на кризата во Сирија и се залагаат за територијална целост на државата, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу пред средбата со германскиот колега Зигмар Габриел.

– Турција и Германија се залагаат за политичка и територијална целост на Сирија. Ќе работиме во таа насока, вели Чавушоглу.

Габриел изјави дека покрај Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН режимот за прекин на огнот во Источна Гута не се почитува, а освен тоа продолжуваат и борбите во Африн.

Се планира случувањата во реонот на Африн, каде што Турција изведува воена операција, да биде тема на разговорите на двајцата министри.

Чавушоглу истакна дека операцијата на Анкара во северна Сирија „е во согласност со меѓународното право”.

Офанзината на турските вооружени сили „Маслино гранче”, е насочена главно против сириската курдска Партија на демократскиот сојуз и Сили за заштита на народот во регионот на Африн, што почна на 20 јануари.