Црногорците должат 1,2 милијарди евра
Според податоци на Централната банка на Црна Гора, долгот на граѓаните на таа држава по основ на кредити е 1,2 милијарди евра. Експерти наведуваат дека во просек секој жител на Црна Гора е задолжен со околу 2.000 евра. Во Црна Гора најчесто се земаат потрошувачки и станбени кредити, потврдуваат од Централната банка.
Бројот на кредити за физички лица на крајот на јули оваа година во однос на јули лани е зголемен за повеќе од 12,5 отсто. Во однос на крајот на 2017 година зголемувањето е 8,64 отсто. Според економски аналитичари, тој податок во врска со кредите укажува дека во државата банките добро работат и ниту една не е во стечај или ликвидација.