Црна Гора подготвена да прими бегалци во знак на солидарност со ЕУ


Франција-Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, во Европскиот парламент во Стразбур денеска најави дека неговата земја е подготвена да прими бегалци доколку тоа е потребно во знак на солидарност со ЕУ.

-Без разлика на тоа што Црна Гора не е на рутата на бегалците сакам да информирам дека сме подготвени за тоа, со потполна спремност на инфраструктурите, доколку миграцискиот процес продолжи и дојде до промена на рутата, рече Ѓукановиќ.

Црногорскиот претседател не рече која е точната бројка на бегалци која Подогорица е подготвена да ја прими но изјави дека е во контакт со италијанските власти на таа тема.

-Последниот проблем во Италија покажа дека ни е потребно повеќе солидарност за овој проблем во Европа туку и солидарност со нашиот сосед, Италија, рече претседателот на Црна Гора.

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, му се заблагодари на Ѓукановиќ.

-Ова е многу важна порака на Црна Гора до Европа и јужна Европа, ни треба повеќе солидарност во Европа и грешка да се остави проблемот само на италијанска или грчка маса, рече Тајани.