Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за овој викенд


ОВЕН:
Ова е период кога добро ја контролирате својата природа: Месечината од Јарец ја продлабочува вашата сериозност и мудрост, така што би можеле да си честитате себе си за постигнатото. Сега не е време да ги сокриете своите таленти во некоја дупка, туку да се претставите и така дојдете до саканата слобода и независност.

БИК:
Можеби се чувствувате експонирано или повредено и сега е време да се повлечете за да ја анализирате ситуацијата подобро. Нема потреба да брзате, ниту да се спремате за натпревар, едноставно бидете објективни, чесни и логични и ќе го постигнете саканиот контраст. Надминете ги стравовите и постигнете баланс.

БЛИЗНАЦИ:
Сега сте волни да ги преземете работите во своите раце и да ги исконтактирате придружниците. Подгответе се добро пријатели и не брзајте, не сте тука на рели натпревар. Намалете ги очекувањата и ќе добиете многу. Можеби е време да го коригирате својот животен стил и да ги поправите грешките од минатото. Без очај, главата горе!

РАК:
Ќе сфатите дека треба да ја почитувате конвенцијата, она нешто малку на што се потпирате, барем до сега. Сонцето во Водолија ќе ви помогне да ја вратите физичката сила, но тоа не значи веднаш да се претворите во егзотичен папагал кој ќе ги имитира луѓето и пренесува нивните пораки со искривена содржина. Повлечете се.

ЛАВ:
Планетите во Јарец покажуваат дека малку напредувате и малку се одмарате. Веќе сте задоволни од сработеното и сега ќе треба да ги покажете своите квалификации пред некоја сочувствителна госпоѓа. Очекувајте убав исход, но не е време за спиење на ловориките, туку за понатамошно истражување и проучување. Среќа.

ДЕВИЦА:
Иако се забавувате како деца што се лизгаат на мраз, сепак ситуацијата е по малку конфузна. Сега сте свесни што им е потребно на двете страни и ќе се обидете да го понудите токму тоа. Имате внатрешно чувство за тоа што е Рајот и ќе дојдете до признанија доколку го споделите тоа со светот. Вашето срце чука со побрз ритам.

ВАГА:
Венера и Јупитер во Стрелец и динамиката е обоена со луѓе кои доаѓаат да ја чујат вашата порака. Добро го разбирате човечкото страдање и генерална безнадежност, но имате редок шарм и осет за тоа кога да настапите и да ја покажете својата чувствена природа. Средби со личности од романтичното минато. Носталгија.

СКОРПИЈА:
Викендот ќе е прекрасен период да се повлечете за контемплација: погледнете подлабоко во себе и прашајте се дали ве привлекува сè што светка? Ова е просперитетен период, но сепак треба вредно да работите за да ја постигнете саканата цел. Обрнете внимание и на домашните и на потребите во домот. Последни подготовки.

СТРЕЛЕЦ:
Конечно е време да пресечете и на тој начин си го вратите авторитетот. Нема потреба да продолжите да степувате за задоволство на другите, туку најдете го потребниот баланс за да ги извршите најосновните работи. Можен а пат или пикник, а оттаму не се враќајте како дивјак. Култивирајте се и покажете во најдоброто светло.

ЈАРЕЦ:
Имате поддршка во облик на некоја зрела госпоѓа, која ќе ви покаже како да ги унапредите креативните проекти, но и интимен живот. Искористете ја понудената мудрост и знаење и ќе напредувате побрзо од замисленото. Сонцето и Меркур во Водолија го нагласуваат успехот и ги дуплираат вашите средства. Успех.

ВОДОЛИЈА:
Се соочувате со своевидни синхроницитети и се прашувате дали избрзавте во нешто и која е вашата улога во сето тоа? Повеќе луѓе учествуваат во оваа дебата и вербален натпревар, но ретко кој има слух за она суштинското, а тоа е разбирањето на човечката природа и безусловната љубов. Отворете го срцето пријатели. Романса.

РИБИ:
Некои работи природно доаѓаат до својот крај и нема потреба да се задржувате на постигнатото. Прекрасен период да си ги признаете успесите и да си честитате. Добро, не мора да се смешкате самозадоволно, ако се преиспрашате, ќе видите дека вашите чувства се резултат на самозалажување. Коригирајте се во љубовната арена.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]