Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес?
ОВЕН: Се создаваат солидни услови за напредување – соберете храброст и скокнете во непознатото! Можеби нема веднаш да воспоставите контрола врз работите, но во текот на денот условите ќе се сменат во ваша полза. Немојте да сте толку настојчиви, оставете нештата да се развијат сами од себе. Олеснување.
БИК: Можеби се соочувате со повеќе нејасни избори, иако се чувствувате добро и здраво. Проучувајте ја темата што ве привлекува, патувајте и развивајте се – прво обрнете си внимание на себе и на својата околина. Обидете се да бидете подобри во секоја ситуација. Почнете со поситни задачи и полека напредувајте.
БЛИЗНАЦИ: Планетите во Стрелец ја поддржуваат вашата среќа, се чини дека не можете да одбиете ниту едно задоволство! Сте се препуштиле како да нема утре. Нема потреба од брзање, веќе и светот гледа дека правите несвојствени дејствија – едно кажувате, различно правите, каде е вистината? Ќе чуете нови информации.
РАК: Сега веќе добро ги зауздивте својата интуиција и страст – транзитот на Месечината во Лав ќе ви ги донесе потребните промени и кон пладне ќе ја добиете потребната храброст. Пред вас се прекрасни шанси за напредување на повеќе полиња, дури и во прекуморските територии. Простете си и продолжете.
ЛАВ: Припремете се добро и потоа настапете. Вашата порака треба да остави впечаток, затоа дотерајте се за да оставите целосна слика. Можеби ќе треба да избирате помеѓу повеќе опции, но како да немате сила за тоа. Дали ги разбирате доволно работите? Истражувајте, изучувајте и откријте што повеќе денес.
ДЕВИЦА: Некој тајно се залага за вас, нема потреба да сте згрчени од страв. Можеби влијанијата се неопипливи, но сепак постојат – умешност на спојување и пренесување на тајните аранжмани. Има некоја скриена убавина во сето тоа, како некоја есенска музика која го тера листот да падне на одредена страна.
ВАГА: Времето на немоќ завршува, нема потреба повеќе да останувате во средина која ве лимитира. Месечината во Лав ќе ги забрза работите и ќе добиете информации со поволен карактер. Не инсистирајте на ургентност бидејќи би можеле да пропуштите важни работи, да заборавите нешто едноставно. Полека.
СКОРПИЈА: Ќе се потпрете на помошта на некоја длабоко чувствителна и зрела жена, на која што ќе ѝ ги доверите своите финансиски тешкотии. Можеби ви е тешко што треба да постапите така, но ќе увидите дека токму тоа ги поврзува луѓето – истиот сентитмент и начинот на кој можат да си помогнат. Мала победа.
СТРЕЛЕЦ: Ова е идеален период за учење и истражување – на вашата среќа ѝ нема крај! Полни со самодоверба, интересни планови и таленти, обидете се да се здобиете со друга перспектива гледајќи низ туѓите очи. Две глави се подобри од една, велат мудрите, затоа бидете објективни. Средба со силно разумна жена.
ЈАРЕЦ: Потребна ви е инспирација, сè уште се чувствувате ограничено и збунето – не знаете како да продолжите. Обидете се да се посветите фокусирано на една идеја и пружете го сето свое внимание при нејзина реализација. До вечер веќе ќе имате резултати и ќе бидете и повеќе од задоволни. Најдете мотивација.
ВОДОЛИЈА: Ладнокрвни и објективни, денес усвојувате нови резолуции. Во социјална средина е потребна нова тактика и постапете најдобро што знаете! Бидете благородни, имајте слух за другите, немојте да сте самозадоволни и ограничени. Самите ја креирате својата реалност, затоа бидете прогресивни.
РИБИ: Социјалните врски може да се сменат нагло. Ако веќе имате силна позиција, искористете ја и бидете амбасадор на добрата воља. Така ќе го претставите квалитетот на животот што сакате да го живеете. Дозволете ѝ на својата внатрешна сила да ги реши надворешните конфликти и ќе бидете задоволни.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ