Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Пред вас е прекрасен ден во кој планетите ве поддржуваат на повеќе полиња – сега е добро да се прашате што чувствувате, кои сте и да се хармонизирате со себе. Размислувајте за она што е изводливо, а што не е и продолжете во освојувањето на својата цел. Избирајте го тоа што ќе ве доведе во хармонија.
БИК: Месечината и Сатурн во убав аспект ќе ве ставаат во позиција да донесете важни одлуки. Не се инаетете, бидејќи така само ќе потпаднете во негативно расположение. Ако успеете да се наштимате на ритамот, тогаш супер, сè ќе биде во ред и до вечер ќе ја постигнете саканата стабилност. Среќа и забава.
БЛИЗНАЦИ: Набрзо ќе чуете вести со кои ќе знаете како да дејствувате потоа. Ова не е време за брзи одлуки, туку за трпеливо балансирање на спротивставените страни. Искористете ја сета своја умешност сега, надевајќи се на скорешните успеси – нема потреба од секирација, нема да бидете заборавени! Работите се одвиваат.
РАК: Поддржани сте од влијателна женска личност во своите креативни обиди – немојте да сте плачковци сега кога е најпотребно, ако треба повлечете се на кратко за да ги обмислите своите следни потези. Многу работи се сокриени од голото око, затоа бидете трпеливи и потпрете се на пријателите и интуицијата.
ЛАВ: Започнавте проекти кои се некаде на пола пат, но сега сте во дилема со каква стратегија да продолжите. Пред вас е напорна работа и нема ништо ново да се случи ако самите не се заземете за себе и ги бркате своите работи. Застанете цврсто зад своите убедувања и ќе успеете да се одбраните од неорганизацијата.
ДЕВИЦА: Денешната динамика ви оди во корист и се соочувате со промени кои ќе донесат убави вести. Имајте во предвид да не брзате, да внимавате на говорот и движењето во сообраќајот и животот ќе тече подмачкано и без никаков проблем! Месечината во Бик ви приредува убава дружба со пријателите. Среќа.
ВАГА: Очекувате некоја ситна поддршка од познатите, но таа како да изостанува. Нема потреба да преземате екстра должности, носењето на туѓиот товар сега е контрапродуктивно. Најдобро ќе биде да почнете де велите `Не!` онаму каде што е потребно, нешто мора да остане и за вас. Знајте дека шанси ќе има.
СКОРПИЈА: Доволно инвестиравте и се покажавте до сега, ова е време да се повлечете на кратко и да ги обновите своите сили. Не мора сè да се претстави во светот, нешто нека остане и за вас. Медитирајте на оваа тема, размислувајќи ги своите следни чекори. До вечер ќе се појават убав шанси а романтична прошетка.
СТРЕЛЕЦ: Ретроградниот Меркур почнува да ги нарушува вашите планови и вие губите верба не знаејќи дека пред вас се подобри времиња. Фокусирајте се на добивките, наместо на загубите и ќе привлечете поволни шанси. До вечер некоја пријателска личност ќе ви ја даде потребната финансиска помош.
ЈАРЕЦ: Стоите вкочанети во место, речиси немоќни да се помрднете напред. Се прашувате како не се сетивте до сега дека штом трпезата се испразни и пријателите си заминуваат? Сепак, ќе има на кого да се потпрете, вашата лојалност се исплатува. Месечината во Бик ќе ве донесе до потребните ресурси.
ВОДОЛИЈА: Да не брзате премногу во работите со деликатна тематика? Сега кога треба да се премолчува? Повлечете се малку, не мора сè одеднаш да кажете, туку имајте сензибилитет кога да настапите со изразување на своите емоции. Можеби луѓето уште не се спремни за објаснувања?Најдобро е да загосподарите со себе.
Риби: Марс во вашиот знак ве потсетува дека не може да се пеат песни за слобода, со инструменти за насилство. Сега добро ќе треба да избирате како ќе се претставите. Нови шанси се појавуваат, но за сепак се нејасни и ќе треба да ја играте својата улога, без оглед колку е мала или голема. Она што сега е важно е соработката.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ