Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Немојте да сте несигурни – слушајте добро и потоа повторете. Можеби сакате да се повлечете за да се изолирате од туѓите мислења или да смислите подобри решенија, а другите тоа тешко го разбираат. На професионален план денес сте многу блиску до потпишување на некој договор, но сепак како нешто да фали.
БИК: Имате измешани чувства, но ќе најдете начин да ги манифестирате своите дарби, да бидете сосема свои и среќни. Разговарајте и објаснете што е она што треба да се коригира, а потоа продолжете. Ако успеат да ја разберат оваа искреност и силна убеденост, фино, сè ќе биде во ред. Ако не, повлечете се.
БЛИЗНАЦИ: На почеток сè се чини возможно – ако постои смиреност, ќе се направат и првите чекори. Ништо не е трајно и можеби ќе сакате да се повлечете на само да размислите за своите чувства и да бидете со себе, но повлекувањето нема да го подобри вашето расположение. Не го расфрлајте своето внимание сега.
РАК: Како невеста, на која ѝ е одземен велот – прво земете здив, а потоа избирајте добро. Не дозволувајте да потпаднете под туѓо влијание, туку размислете. На интимен план доаѓаат нови личности и кој знае, некои од нив би можеле да ви бидат нови пријатели! На работен план се појавуваат шанси за патување.
ЛАВ: Ако сте започнале нешто, завршете го. Погледнете ги работите низ поширока перспектива и внимавајте да не се повторувате, барем не повеќе од обично и отфрлете ги штетните и нездрави навики. Откако ќе сфатите дека една фаза е завршена, веднаш преоѓате на следното ниво. Искрени односи со блиските.
ДЕВИЦА: Маските паѓаат и зад нив се открива една подлабока вистина – откривате важна информација на посебен начин и амбиент, а тоа предизвикува изненадувања. Расположението е возбудливо, но отворете очи и внимавајте да не бидете заведени! Опасно е да се игра со оган. Бидете будни и претпазливи.
ВАГА: Месечината и Венера во конјункција во вашиот знак ве ставаат во прв план – можеби сте срамежливи и сакате да се обидете со нешто сами, пред да го покажете тоа во светот. Денес имајте толеранција и романсите ќе бидат похармонични. Можеби работите се влечкаат и се бавни или само немате сила.
СКОРПИЈА: Денес ја користите својата имагинација и фантазија и ги споделувате искуствата и идеите со големо задоволство. Како да им нема крај на сите овие активности и забава. Немојте да сте изненадени ако налетате на секаков вид на луѓе, кои се интересни и атрактивни и уживаат во динамичната атмосфера. Романса.
СТРЕЛЕЦ: Имајте такт – умешност да бидете трпеливи додека чекате. Можеби ве мачат дилеми и недоверба на личен план, а сепак луѓето се обидуваат да ви се приближат и искажат својата љубов. Вратете си ја самодовербата и чујте ги нежните зборови што доаѓаат кон вас. На работа сте витални и расположени.
ЈАРЕЦ: Планетарната ситуација укажува на тоа дека сте раскинати помеѓу две различни потреби – смиреност и интима или излегување во светот и забава. Што и да закажете, сигурно е дека ова е ден и за забава и за интима, кои ќе ве натераат да поверувате дека вистинската љубов сепак постои! А вие сте ја нашле, нели?
ВОДОЛИЈА: Денес може да избувнете – драматичните изливи може да бидат и конструктивни и деструктивни, а не секогаш е јасно што е што. Ако треба повлечете се, иако останатите ќе бараат да ви се најдат при помош. Сочувство и грижа има и тоа се пренесува на професионален план. Поддршка од колегите.
РИБИ: Вашите сакани ќе го минат денот барајќи ги вистинските зборови да ја изразат својата љубов, но вас како да не ве допира тоа. Се држите за недоразбирањата и не попуштате, а тоа може да го расипе овој прекрасен ден – нема да може да напредувате. На работа ќе го изразите својот борбен дух и така ќе успеете.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ