Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Утринава ви е тешко да им пријдете на вашите лични работи на расположен начин, Месечината во Вага сугерира на извесна дистанца или крутост во справувањето со другите. Барањата од страна ви ги комплицираат работите и можни се несогласувања што ќе ве притиснат и ограничат. Отстапете малку.

БИК: Сега добро го ослушнувате ритамот на своето срце и успевате да се износите со сомневањата и дилемите. Пријателите се тука да ве поддржат во вашите намери, затоа чујте ги добро овие нежни зборови. Така ќе си ја вратите самодовербата. Убави комбинации и креативни идеи на професионален план.

БЛИЗНАЦИ: Сè си доаѓа во свое време, дајте им на работите да созреат, особено на семеен и брачен план. Не инсистирајте на ургентност, туку најдете време да се повлечете на неколку часа во самотија. Ако се јави недоразбирање, решете го со убави и љубезни зборови, така ставајќи го својот темперамент под контрола.

РАК: Издигнувањето над ситуациите е како да сте ископале некој предмет – задача која е предизвик, но нуди евентуален успех. Не се повлекувајте во себе, туку обратете им внимание на најблиските, кои се на мисија да ве орасположат како знаат и умеат – отпорот е залуден! На работен план информирајте се добро.

ЛАВ: Денес сте со повлечено расположение, како веќе да стигнала зимата. Ги одбивате сите покани за друштво и сè ви се чини ладно и безлично. Причекајте до утре за романтична љубов. На работен план барате сигурност и истрајност. Бавно но сигурно ќе дојдете до истото, до тогаш консолидирајте го сработеното.

ДЕВИЦА: Ако сакате да се издигнете над предизвиците, добро погледнете ги потенцијалните предизвици и целта што сакате да ја следите. Ова е време на силни емоции, страсти и сензуални средби, затоа уживајте додека трае! На работното место се можни промени, но ќе успеете да се адаптирате со време.

ВАГА: Фантастични случувања на интимен план пријатели, Месечината во вашиот знак гарантира прекрасни врски, базирани на искреност. Ако сте поканети од страна на пријателите, појдете со нив, не се двоумете – нема да зажалите! Нови откритија, со кои се зголемува вашата добрина и поради кои зрачите наоколу.

СКОРПИЈА: Сега сте во фаза кога ги отсекувате сувите гранки во својот живот и продолжувате кон поисполнувачки постигнувања. Успехот ви доаѓа лесно, но внимавајте да не си честитате пред време. Завртете ги телефоните и контактирајте со клиентите – убави шанси за комерцијални активности. Прогрес.

СТРЕЛЕЦ: Весело расположение и убав почеток на работната недела. Расположението го пренесувате и на другите и тие ви приоѓаат природно и љубопитно. Има и некои промени на љубовната сцена, затоа опуштете се и уживајте во динамиката на денот. Неочекувани промени на работен план, но и нови шанси.

ЈАРЕЦ: Нови пријателства, кои ќе ве исполнат со среќа. Месечината вели дека сте отворени за сугестии и нови љубовни врски, затоа оставете ја недовербата зад себе. Што се однесува на кариерата, времињата укажуваат на здрав натпревар, кој ветува промоција или покачување на финансиски план. Забележани сте!

ВОДОЛИЈА: Нежни и грижливи чувства во романтичниот живот, се однесувате помалку импулсивно и барате искреност и топлина од оние околу вас. Месечината има смирувачко дејство и ќе ви помогне да се помирите со некој. Ова е идеален ден за работа во тим, а климата на работен план зрачи со хармонија и доверба.

РИБИ: Прашајте се низ каква призма ги гледате работите бидејќи може да се соочите со проблем на личен план. Емоционалната ситуација е по малку деликатна – пред вас стојат тешки избори, а вие немате енергија. Надминете својата пасивност, за да не се случи да завршите во ситуација што не ви се допаѓа.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]