Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Утрово сте под притисок на незгодни аспекти и пред да почнете да жалите затоа што некој сака да замине, прашајте се што навистина сакате во интимата и следете ја својата совест. Потребна ви е регенерација, а до неа ќе дојдете ако најдете време да поработите на своите интереси и таленти. Бидете поскромни.
БИК: Планетите укажуваат дека би сакале да им побегнете на должностите, особено на оние со семеен карактер. Потребно ви е време и простор и затоа ќе се дистанцирате на кратко од саканите. Добро е да знаете дека сте победник со самото тоа што правите напори. Едуцирајте се подобро и хранете се здраво.
БЛИЗНАЦИ: Толеранцијата е начин да си ја вратите радоста во животот – прифатете ги останатите онакви какви што се, без оглед на очигледните разлики. Не се повлекувајте во својата школка, размислете за овие прашања и продолжете утре кога ќе имате одговори. На работа ги менувате досегашните методи.
РАК: Штом Месечината прејде во аналитичната Девица, ќе се појави шанса да одлучувате помеѓу две различни работи – страст или мудрост. Односите со останатите се искрени и вие зрачите со самодоверба, а тоа е синоним за шарм, експанзија и љубов кон животот, затоа раширете ги крилјата и забавувајте се!
ЛАВ: Сконцентрирани на својот сон, вложувате повеќе внимание на своите проекти и ги пронаоѓате вистинските канали кои ќе доведат до исполнување. Чувствувате дека сте нашле нешто од особена важност, на кое треба да му се посветите, а кое ќе му користи на општеството долготрајно. Најдете време и за семејството.
ДЕВИЦА: Вашиот љубовен живот, пријатели, е полн со романса, поезија и нежност – вие повторно сте вљубени! Љубезни и симпатични, внесувате искреност во сите врски, а тоа ви гарантира баланс на емотивен план. Вратете се во реалноста и послушајте ги колегите кои ќе ви помогнат во некој дијалог или совет.
ВАГА: Денес сте во искушение да го пробате забранетото овошје – неколку аспекти покажуваат дека имате интерес за две личности, но не можете да се одлучите која е вистинската. Ако веќе мора да избирате, одберете ја мелодијата со најубавата хармонија или чувства на креативна радост – така нема да згрешите.
СКОРПИЈА: Со транзитот на Месечината во Девица се враќа и вашата доверба во љубовта и другите луѓе. Нема потреба да ги форсирате своите чувства, туку изразете ги суптилно преку својот природен шарм и харизма. На професионален план би можеле да бидете расеани, сакајќи да сработите повеќе работи одеднаш.
СТРЕЛЕЦ: Сè се одвива според саканото – вашиот шарм е нагласен и сите уживаат во пријатното расположение. Разговарате, прашувате и се интересирате за оние околу вас, а така се истакнувате и на работното поле. Благодарение на напорната работа и чувство за дипломатија, ќе ги убедите и најтврдоглавите!
ЈАРЕЦ: Ох, толку копнеете да побегнете на некое далечно место, што подалеку од секојдневната трка! Сè ви станува тешко и фали уште само една капка да ја прелие чашата. Сепак одржете го својот фокус кон саканото, дури и кога цел свет ќе ви се спротивстави. Бидете однапред благодарни за она што го сакате.
ВОДОЛИЈА: Пред вас се отвораат нови можности кои треба да се откријат – сега сè се чини можно и доколку постои искреност, добро е да се направат првите чекори. Серенадите се лесни и убави, но не се долготрајни. Имајте самодоверба и почнете пак одново. На работа сте решителни, продуктивни и весели.
РИБИ: Убави аспекти кои ќе го нагласат вашиот шарм, но ќе треба да внимавате на својата доследност. Доколку се соочите со некоја тешкотија, нема да ви биде лесно да вложите напор за да ја надминете. Правите еден чекор напред, а два назад. Сепак е добро што имате пријатели кои ве поддржуваат и покрај сè.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ