Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ова е ден кога многу работи ќе излезат на виделина. Неколку аспекти бараат да се изјасните и да ги расчистите односите, еднаш и засекогаш. Месечината во Рак ви ја дава потребната поддршка за тоа. Вашата искреност и убедливост ќе ви помогнат да ја отстраните иритацијата што предизвикува конфликт.

БИК: Опозицијата меѓу Венера и Уран ќе придонесе да порасне вашиот личен престиж и магнетизам кај блиските. Сега ги имате потребните услови да привлечете вредни луѓе и конечно да направите влијание, иако ситуацијата е малку нестабилна. Сепак, не оддолжувајте, шармот е ваш најдобар сојузник!

БЛИЗНАЦИ: Благодарение на вашата напорна работа, вашата интелигенција и шарм, но и чувство за дипломатија, ќе успеете да ги убедите и најголемите опоненти, така што ќе ја добиете саканата поддршка за своите проекти. Во љубовта се случуваат волшебни и убави моменти, полни со убавина и сензуалност.

РАК: Со Месечината во својот знак нема да може да ги сопрете емоциите. Луѓето знаат колку сте искрени, а тоа е потребно за долга и стабилна врска. Употребете ја сета своја оригиналност, потпирајќи се на интуицијата и имагинацијата. Внимавајте на рутината и не ги вознемирувајте колегите на работа.

ЛАВ: Повеќе аспекти ни говорат дека потребата за осамување е зголемена – нешто ве спречува да им се отворите на другите. Имате чувство дека вашите блиски се таинствени или повлечени, но развеселете се, утре сè ќе биде поинаку. На работа е добро да размислите прво пред да проговорите за своите идеи.

ДЕВИЦА: Ова е ден кога владее пријателски тон насекаде околу вас – сите се обидуваат да бидат фини и добри едни со други. Идиличната атмосфера ви одговара и доаѓате до необична идеја со која ќе оставите долготраен впечаток. На професионален план можеби не сте сигурни во себе, но имате поддршка!

ВАГА: Колку пријатна енергија за запознавање на нови луѓе, кои ќе му помогнат на вашиот општествен развој! Можеби целосно да го смените мислењето за животот и ќе се придвижите кон нови хоризонти. Вашите односи денес се полни со страст и може да доживеете нешто што отсекогаш сте посакувале.

СКОРПИЈА: Денес сте спремни да се повлечете од центарот на вниманието и оддалеку да ги разгледувате другите. Поттикнати сте на пат кон самооткривање. Барате одговори на подлабоките животни прашања, претпочитајќи да бидете сами. Имајте на ум дека со многу интелектуализирање ќе ја изгубите спонтаноста.

СТРЕЛЕЦ: Во интимната сфера имате потреба да ставите крај на некои работи – потребно ви е да се ослободите од извесни очекувања, кои никако да се остварат. Можеби е добро да ги намалите и своите амбиции во однос на врската. Сепак, со голема љубезност и интелигенција ќе ја избегнете крутоста.

ЈАРЕЦ: Сè околу интимниот живот се одвива со голема интуиција – неколку аспекти ќе ве натераат да се отворите кон другите, потпирајќи се на инстинктите и искуството, коригирајќи го своето однесување соодветно. Доколку треба да се инволвирате во посериозна врска, добро размислете како ќе постапите.

ВОДОЛИЈА: Ѕвездите во вашите очи повторно светкаат, пријатели! Планетите укажуваат на силни емоции, како и потреба за љубов. Верувате во еднаквост на партнерите, а некој би можел да рече дека сте наивни. Не паѓајте на тие провокации, туку обрнете внимание на професионален план и дајте сè од себе.

РИБИ: Секојдневните промени прават хаос во вашите емоции. Одржувањето на баланс не е лесно, а потребно е да се решат сите поединости. Обидете се да бидете посуптилни и флексибилни во односите со другите и видете како работите се менуваат. Шанси за нови почетоци и независност што ќе ве воодушеват!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]