Хороскоп: Успех за лавот, лидерство за вагата


ОВЕН: Младата Месечина ве повикува да застанете и да ги разгледате плодовите на својата работа – до каде сте стигнале и што е направено? Ако постојат блокади, тие се од внатрешен карактер, затоа отрезнете се со време.

БИК: Резолуција на долго запоставените работи – ги менувате своите ставови со поголемо разбирање. Доколку некој ве злоупотребува, најдете начин да се ослободите од паразитскиот однос и така ќе просперирате. Баланс и карма.

БЛИЗНАЦИ: Ќе најдете време за смиреност и интелектуален одмор среде големата битка. Сè што ќе отпочнете ќе доживее успех, но во свое време. Дотогаш, бидете мирни и повлечете се од материјалниот свет и чујте го својот глас.

РАК: Соларната еклипса во вашиот знак ги придвижува работите на голема врата и пред вас се отвора кармички пат и неочекувано голема среќа. Конечно нештата се движат во сакан правец во поврзани настани. Успех, среќа и радост.

ЛАВ: Денес е добро да се завртите кон себе и да ги погледнете основите на своето битие. Тука лежат вашите најмоќни ресурси, потреби и инспирација. Пред вас се новоформирани партнерства, кои треба да се сработат заедно.

ДЕВИЦА: Сега сте свесни врз кои блокади треба да поработите и на тој начин ќе напредувате. Од вас се бара трпение, воздржаност и такт при справувањето со работите. Балансирано ја аплицирате својата сила вклучена во личен прогрес.

ВАГА: Ќе научите многу ако се соочите со болката и ограничувањата – потребно ви е прочистување за да го зајакнете карактерот. Иницијација на трајно партнерство базирано врз апсолутна доверба. Чест, одговорност и лидерство.

СКОРПИЈА: Младата Месечина во Рак може да ве доведе до контакт со некоја топла и широкограда личност, која им нуди нега и комфор на сите засегнати. Доколку постои некаков блок, обидете се да го разрешите тоа безболно. Мир.

СТРЕЛЕЦ: Денес се здобивате со јаснотија, контрола и мир среде тешкотиите и имате силна интуиција. Пред вас зазорува нов ден и многу шанси се отвораат – искушенијата, ситните проблеми и тешкотиите ги решавате сосема смирено.

ЈАРЕЦ: Се среќавате со личност која е природен советодавец и исцелител, полна со зрелост, грациозност и спиритуалност. Нејзиното релаксирано присуство отелотворува длабока љубов и духовност. Големи внатрешни промени и мечти.

ВОДОЛИЈА: Во вас се будат контрадикторни карактеристики како начин за разрешување на конфликт – сега одбивате да бидете водени од негативни чувства и ги решавате проблемите остроумно и без употреба на сила. Одмор.

РИБИ: Дали се чувствувате анксиозно и ако е така, која е причината? Понекогаш сè што треба да направите е да преземете некакво дејствие и така ќе ја намалите нервозата – дејствувајте во саканиот правец! Барајте совет без гордост.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]