Хороскоп: Просперитет за стрелецот, стрес за јарецот


ОВЕН: Со Месечината што се гаси се чувствувате благо збунето и без сила и како да сте заведени од патот по кој сакате да одите. Преголем но плиток стремеж кон спиритуалното. Несигурност и самозалажување. Бидете поцврсти.

БИК: Во вас се случува внатрешна промена и можни се изненадувања. Имајте предвид дека ништо однадвор не е важно, освен вашето доживување на работите. Сочувајте се себеси од лажен сјај кој им изгледа привлечно на масите.

БЛИЗНАЦИ: Сакате да појдете по свој пат и да ги оставите партнерствата зад себе, бидејќи сметате дека сега не ви се потребни во оваа фаза на вашиот развој. Самонаметната изолација, преправање и неразумно внимание. Игнорантност.

РАК: Денес минувате низ фаза на транзиција, како и промени чиишто резултати ќе ги увидите набргу. Бавен раст и развој на работите, но сепак култивирајте ја својата природа и не напредувајте на сметка на другите – може да ви напакостат.

ЛАВ: Имате голема потреба да побегнете од ситуациите кои ви се чинат рестриктивни, бавни и невозможни. Сфаќате дека некои работи се вон ваша контрола, па како да се будите од долг сон, ви треба време да си дојдете на себе.

ДЕВИЦА: Внимавајте на комуникацијата – сè што се случува е со цел да пораснете и да се развиете правилно. Засукајте ги ракавите и разрешете ги сите ситни детали кои може да доведат до хаос и расправии. Потоа ќе биде полесно.

ВАГА: Прекрасен ден за справување со материјалните работи – постигнувате рафинираност и елеганција. Благородно ја аплицирате својата сила во одржување на сигурноста и стабилноста. Мудра употреба на вашите ресурси.

СКОРПИЈА: Конечно си признавате дека треба да ја прифатите загубата и да продолжите напред со својот живот. Ја надминувате тагата со нова надеж и разбирање. Погледнете подлабоко, со голема грижа и свесност. Експертиза.

СТРЕЛЕЦ: Време на просперитет и нови сојузи. Како и да е, не давајте се целосно, туку задржете и дел за себе. Оставете простор меѓу вас и вашите сакани и балансирајте меѓу двете страни. Можна помош од страна и поддршка.

ЈАРЕЦ: Месечината што се гаси ве прави немирни и ментално расеани. Не напуштајте ги работите среде битка, туку ако треба, само повлечете се за да ги прераспределите своите сили. Побегнете му на стресот кој веќе станува рутина.

ВОДОЛИЈА: Се чини дека вашите стрели не jа погодуваат никако саканата цел – вашиот брод е дојден, но вие уште се пакувате. Не напуштајте ги работите пред да ги завршите поради нетрпение. Прашајте се што е потребно за да напредувате.

РИБИ: Денес ќе треба да се збогувате со нешто – дел од себе или некоја работа. Нагли и неочекувани пресврти на работите кои ќе ве доведат до нови сознанија и нов животен стил. Бидете толерантни, отворени и продолжете да растете така.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]