Хороскоп: Неочекуван предизвик за јарецот, моќна победа за вагата


ОВЕН: Внимавајте да не се заглавите во деталите на некоја работа, на сметка на пошироката слика. Не си дозволувајте работата да ја преземе сета ваша ментална и духовна сила и не ги повторувајте истите грешки повторно. Бидете поотворени за нови влијанија и умешност сега.

БИК: Успешно се справувате со тешкотиите на ментален и личен план и не дозволувате нечесноста на другите да влијае врз вас. Можеби ќе се обидете да исправите некоја срамна ситуација, со голема посветеност, трпение и несебичност. Успешно избегнување на несреќа.

БЛИЗНАЦИ: Разберете дека мора да се менувате за да ги смените и работите кои доаѓаат во вашиот живот. Најважна е перцепцијата, а со која може да ги избегнете погрешните одлуки. Немањето на имагинација и неволност да пробате нешто ново може да ве блокираат целосно.

РАК: Денес правите пауза среде битка за да се подготвите подобро. Внимавајте и не се форсирајте премногу бидејќи тоа може да е контрапродуктивно. Прашајте се дали работите со мудрост или според своите инстинкти. Испочитувајте ја својата рецептивна страна,повлечете се.

ЛАВ: Сега сте спремни да се соочите со храбри и предизвикувачки ситуации, такви од кои што другите се плашат. Имате јасна цел пред себе и силна интелигенција, па ќе говорите со убеденост и големо влијание. Брза иницијација или завршница на некој проблем или конфликт.

ДЕВИЦА: Добро ќе биде да најдете време за пауза во која ќе ги евалуирате своите успеси до сега. Можеби треба да направите сериозни финансиски решенија, а кои ќе бараат трпение и истрајност. Размислете добро за статусот на вашата работа и вашите идни опции. Мудрост.

ВАГА: Моќна победа – денес ќе напредувате само преку храбра акција, а промените ќе бараат употреба на дополнителна сила. Со умешност постигнувате ред, а комплицираните ситуации ги решавате со моќна убеденост. Вашата дисциплина, труд и личен напор сега се исплатуваат.

СКОРПИЈА: Сега ве навјасуваат негативни емоции и станувате себични, несреќни и фокусирани на губитоците – на домашен и надворешен фронт. Внимавајте на неодлучноста, паранојата и потенцијалната љубомора, штитејќи ги блиските и семејството. Не им попувајте на останатите.

СТРЕЛЕЦ: Денес чекате – сѐ стои, па така морате и вие да причекате поповолно време. Обидете се да ја надминете себичната, материјалистичка и недоверлива природа, правејќи ги потребните жртви. Сложете се со останатите, но слушајте го и својот внатрешен глас. Разлики.

ЈАРЕЦ: Се приближувате кон неочекуван предизвик, но задржете ладна глава и резон ако се соочите со нефер личности. Внимавајте на можен воајеризам, шпионажа или плеткање во вашите најинтимни работи од страна на итри поединци. Само со добри аргументи успевате сега.

ВОДОЛИЈА: Внимавајте на можната суета, лаги и нејаснотии во вашите најблиски врски. Го постигнувате она што од секогаш сте го сакале, но не се предавајте на преголеми уживања во храната, пијалаците и физичките задоволства. Минувате низ период на плитки задоволства сега.

РИБИ: Цврсто се држите за постигнатото во страв дека ќе го изгубите, а на тој начин самите се креирате препреки и ви фали оригиналност и доверба за потребните проекти. Не верувајте дека сигурноста ја носат финансиите, туку нешто далеку поесенцијално. Заборавете на недовербата.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]