Хороскоп: Мир за стрелецот, изненадување за ракот
ОВЕН: Убав ден, во кој започнувате нови проекти и ги дефинирате своите цели – поволен развој во работата. Сега сте фокусирани, ги знаете своите вештини, сили, аспирации и дојдено е време да ги конкретизирате своите планови. Сила.
БИК: Месечината во Стрелец ви дава потврда за идеалите кои што ги сокривавте до сега – ова се идеи за животот и подлабокото значење на нештата. Вашата самодоверба ќе се зголеми и прифаќате концепти во кои не верувавте.
БЛИЗНАЦИ: Свесни за своите способности, правите напор да се здобиете со привилегирана позиција. Сите имаме свои таленти, а вие вашите денес добро ги користите, па влијателните луѓе тоа ќе го препознаат и ќе ве промовираат.
РАК: Во вас се менува перцепцијата за реалноста и сега откривате клуч за ваш напредок, како и солуции за хроничните проблеми. Откривате нешто што не знаевте и ги гледате лушето сосема поразлично. Изненадувања и нови шанси.
ЛАВ: Со големо задоволство ја проширувате својата социјална мрежа и спонтано ги изразувате емоциите. Со нагласени чувства ги манифестирате своите емоции, сензитивност и креативност. Остварување на нови контакти.
ДЕВИЦА: Денес се соочувате со ситуации кои ќе ве научат како да ја заштедите својата сила – знаете што сакате и треба да се фокусирате. Бидете селектини каде се инвестирате и не се давајте онаму каде што не ве ценат. Штедете сега.
ВАГА: Само што сваќате дека им давате важност на туѓите работи, проблеми и очекувања повеќе отколку на своите – застанете и фокусирајте ја енергијата врз себе си. Искористете ги истите таленти со кои има помагате на другите, за себе.
СКОРПИЈА: Креирате шанси за да ги покажете своите таленти – сега е време да дадете сѐ од себе и да го искористите својот полн потенцијал. Немојте да сте несигурни и срамежливи, бидејќи вашата работа е важна и треба да ја покажете
СТРЕЛЕЦ: Битката е завршена и сега е време да се прашате што останало – дали е тоа она што го сакавте? Ослободете се од предрасудите и обидете се да ги видите и двете страни на прашањето. Така ќе најдете сила да си простите. Мир.
ЈАРЕЦ: Ова е ден кога ќе правите планови и активности кои ќе ги исполнат вашите идеали – исполнување на мисија. Имате поддршка од луѓето со кои споделувате слични интереси и затоа е добро да направите групна работа.
ВОДОЛИЈА: Ова е момент кога откривате многу важни работи за себе и за некој свој близок. Ќе покажете од што сте направени и за што сѐ сте спремни, а потоа ќе ги погледнете работите со нова перспектива. Откривање на своите вештини.
РИБИ: Прекрасен ден за воспоставување на партнерства, бизнис проекти или здружувања од било кој вид. Нова мисија и групен напор во развивање на талентите. Во љубовта имате партнери кои имаат слични идеали како вашите.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ