Хороскоп: Инспирација за бикот, шанса за лавот


ОВЕН: Денес учите како да ја хармонизирате својата енергија со барањата на судбината – тоа значи да ги оставите настрана личните потреби и да им се посветите на универзалните – употребете ги своите таленти за повисока цел сега.

БИК: Венера и Уран во убав аспект упатуваат на цврста врска и чувство за должност. Постигнување моќ и повисок социјален статус, како и посветување и самоконтрола. Пред вас се појавуваат убави шанси за во иднина. Инспирација.

БЛИЗНАЦИ: Пред вас се договори, разговори, мејлови и телефонски повици – информацијата пристигнува од сите страни. Средба со влијателна личност која праведно ќе ги просуди работите, како и посета на гостин во вашиот дом. Пат.

РАК: Воздржани и смирени, оставате слика на добродушен патрон и со голема самоконтрола ги решавате потенцијалните искушенија. Имате сила да се впуштите во остварување на повисоки цели и ги мотивирате и другите зад вас.

ЛАВ: Денес ќе имате шанса да ги доживеете нештата низ туѓа перспектива и да бидете флексибилни, интуитивни, грижливи и нежни. Направете ги потребните жртви и слушајте го внатрешниот глас, немојте да сте љубоморни и ограничени.

ДЕВИЦА: Убав земен тригон ги потенцира вашите креативни принципи – во вас се раѓа необичен творечки импулс, кој носи инспирација и можност да го постигнете својот полн потенцијал. Радост, искреност и стабилност. Траен успех.

ВАГА: Убав ден со шанса за просперитет и постигнување профит. Секако, постигнатиот успех ќе го споделите и со другите, а својата моќ и влијание ќе ги ангажирате во благородни цели. Филантропија, баланс, но и широкоградост.

СКОРПИЈА: Ќе ви биде потребно малку време за да си дојдете на себе по ретроградното движење на Јупитер во вашиот знак. Немојте да сте неправедни и деструктивни, особено за работите што бараат логика и здрав разум. Контрола.

СТРЕЛЕЦ: Денес е добар ден да застанете малку и да паузирате. Откако ќе ги средите впечатоците и ќе се приспособите на новите идеи и искуства, ќе постигнете внатрешен мир, верба и смирение. Вашата интуиција е нагласена.

ЈАРЕЦ: Одбивате да бидете доминирани од негативни емоции и сакате работите да ги решите зрело, јасно и без употреба на сила. Замижувате пред несовршеноста на другите, само за да се постигне саканото. Разрешен конфликт.

ВОДОЛИЈА: Неколку аспекти ве прават неефикасни – имајте дисциплина и чувство за правец, па ќе ги избегнете сите тешки ситуации. Кога ќе напредувате, земете ги предвид и другите, сепак не сте сами на бродот! Воздржете се.

РИБИ: Гордост и ароганција – не убедувајте се себеси дека можете да направите сè на вашиот пат кон врвот, бидејќи можете да ги искомпромитирате своите најдобри напори. Залудна потрага по слава и личен престиж, а и пријателство со интерес.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]