Хонг Конг е град со најмногу супербогаташи


Њујорк не е веќе град со најголем број ултра богати луѓе. Сега тоа е Хонг Конг. Според новото истражување на аналитичката куќа Wealth-X, во Хонг Конг бројката на граѓани кои вредат барем 30 милиони долари, скокнала за 31 процент минатата година и достигнала 10.010. Ваквата амплитуда се должи на растот на глобалните берзи и влијанието на повисоките каматни стапки во Америка. Имено, доларот на Хонг Конг е врзан за американскиот, па тамошните каматни стапки го следат ритамот на американската централна банка. Создавањето богаташи е поврзано и со унапредените трговски и инвестициски врски со континентална Кина, вклучувајќи дирекна врска на берзите во Хонг Конг и во Шензен.

Од 30 градови каде бројот на богаташи брзо расте, дури 26 се наоѓаат во Кина. Њујорк со 8.865 супербогати луѓе е втор град во светот.

Вкупната бројка на супер богаташи е 255.810 луѓе. Тоа е 13 отсто повеќе отколку лани. Тие поседуваат 31,5 милиони милијарди. Во Северна Америка има скромен раст на бројот на богаташи, од само 9,5 отсто, сепак таму има најмногу, дури 90.440 супербогати луѓе. Бројот на европски богаташи скокна на 72.570. Само 14 отсто од светските богаташи се жени.