Холивуд во нов шок: Се разведуваат Џена и Ченинг Тејтум


САД– Очигледно оваа година адвокатите во Холивуд се прилично со полни раце работа. Имено, уште една холивудска двојка објави дека се разведува, односно глумците Џена Деван Тејтум и Ченинг Тејтум. Двојката која имаше едедн од најстабилните бракови во Холивуд,  ги шокираше своите фанови и следбеници на социјалните мрежи со заедничкото соопштение.

“После девет години брак одлучивме да се разделиме. Тоа го правиме со љубов, ништо не се промени и понатаму ќе се сакаме и ќе бидеме најдобри родители на нашата Еверли”, пишува во заедничкото писмо на двојката во кое се напоменува дека тие “ќе останат најдобри пријатели засекогаш”.

Џена и Ченинг се запознаа во 2006 година, а три години подоцна станаа сопружници. Заедно имаат 5 годишна ќерка, која е круна на нивната љубов во која никој не се сомневаше.

За својот брак и двајцата велат дека било прекрасно патување, но дека на сето тоа му дошло крај.