Хејли Болдвин: Свршеничкиот прстен блешти на насловницата на мексиканскиот „Вог“
САД- Американскиот модел Хејли Род Болдвин (21) ја краси насловницата на септемвриското издание на маексиканскиот „Вог“. Свршеничкиот прстен како подарок од свршеникот, поп-ѕвездата Џастин Бибер (24) е во центарот на вниманието на фотосесијата во црно-бела боја и колор. Ќерката на славниот актер Стивен Болдвин (52) пред да се објави свршувачката, беше снимена на Бахамите со голем дијамантски прстен на нејзината рака.
Како што пренесе „Mirror“, канадскиот пејач за побарал Хејли за време на романтичен одмор, во преполн ресторан.
Пред да се свршат, Хејли и џастин беа во врска околу еден месец, но тие се знаат со години. И претходно на неколку наврати беа пар, но ова само кратки романси, бидејќи Бибер секогаш се враќаше на поранешната девојка, колешката Селена Гомез (25).
Таткото на Џастин, Џереми индиректно честиташе на младата двојка на Инстаграм.
Двојката деновиве купи луксузен дом во Онтарио, Канада, вреден 5 милиони долари со патека за тркачки коњи.
– Горд на својот син! Со задоволство го очекувам новото поглавје во неговиот живот!, напишал тој на социјалната мрежа.