Харви Вајнстин великодушен: Џорџина Чапман ќе добие по разводот 20 милиони долари
САД- Харви Вајнстин и неговата наскоро поранешна сопруга Џорџина Чапман наводно постигнале договор за развод – и дизајнерката на „Марчеса“ ќе добие огромен, осумцифрен надомест.
„Пејџ Сикс“ вчера извести дека Вајнстин и Чапман потпишале договор при крајот на минатата година и е пресметано дека тој договор вреди помеѓу 15 и 20 милиони долари, а документацијата ќе биде поднесена во блиска иднина.
Овој разводен надомест е далеку поголем од предвидувањата во декември, кога се сметаше дека Чапман ќе замине со околу 12 милиони долари. Дизајнерката на „Марчеза“ веќе самата поседува богатство од околу 20 милиони долари, додека вкупното богатство на Вајнстин се движи околу 250 милиони долари иако, како што вели „Пајџ Сикс“, посрамениот филмски продуцент троши милиони на адвокати, приватни детективи и публицисти во последниве неколку месеци.
Според изворите, договорот меѓу поранешната двојка „за малку ќе пропаднел“, што значи дека тие едвај избегнаа јавно да поднесат документи за развод. А, бидејќи и Вајнстин и Чапман се обидуваат да ја задржат приватноста од октомври па сѐ до денес, јавен развод е баш тоа што ниедна страна не би го посакувала.
Чапман изјави дека таа го напушта својот сопруг уште во октомври, по екслузивната статија на „Њујорк Тајмс“ во кој се разоткри сексуална злоупотреба долга неколку децении. Оттогаш, речиси 100 жени го обвинија Вајнстин за сексуална злоупотреба и недолично сексуално однесување низ годините.
Додека Чапман продолжува да работи напорно и да се подготвува за нејзината ревија за Марчеза на њујоршката модна недела во февруари, Вајнстин продолжува да се лечи од секс зависност во Аризона.
Минатиот вторник, Ванјстин бил нападнат од непозната личност додека напуштал ресторан во Скотсдејл.