Харадинај ги одби оставките на градоначалниците од северно Косово
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска соопшти дека не ги прифатил оставките на градоначалниците на четирите општини со мнозинско српско население на северот на Косово, бидејќи ги смета за неуставни.
Харадинај по седница на Владата изјави дека оставките не се прифатени, бидејќи се адресирани до „Косово и Метохија“. наместо до „Република Косово“.
– Оставките не се прифатени, бидејќи се неуставни. На нив пишува „Косово и Метохија“, изјави Харадинај.