Хан во Приштина на разговори за таксата на увозот од Србија и од БиХ
Комесарот на Европската унија за проширување Јоханес Хан денеска ќе престојува во Приштина, каде што на средби со претседтелот Хашим Тачи, претседастелот на Собранието, Кадри Весели и премиерот Рамуш Хардинај ќе разговара за таксата од 100 отсто што косовската Влада ја воведе кон увозот од Србија и од Босна и Херцеговина.
Најавени се и средби на Хан со лидери на опозициските партии, меѓу кои и со претставниците на Српската листа, која од воведувањето на таксата, иако учествува во Владата на Рамуш Харадинај, најави дека ќе делува опозициски.
Се очекува еврокомесарот да го повтори повикот на Брисел за укинување на таксата, меѓутоа премиерот и министрите Албанци во косовската Влада се категорични во ставот дека таксата нема да се укине, „се додека Белград не го смени својот деструктивен однос“ кон Приштина.
Извори од Владата за порталот „Газета Експрес“ изјавија дека на средбата со Хан нема да се разговара за укинување на таксата, туку за причините за нејзино воведување.