Фудбалската ѕвезда Робињо во Италија е осуден на девет години затвор за силување


ИТАЛИЈА- Медиумите од Италија пишуваат дека поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан, Робињо е осуден на 9 години затвор за силување на 22 годишна девојка. Инцидентот датира од јануари 2013, и Бразилецот се товари дека заедно со уште пет други лица силувале девојка со потекло од Албанија, која тогаш имала 22 години.

Процесот траеше неколку години, судот од Милано денеска го прогласил Робињо за виновен, и му изрекол затворска казна од 9 години. Сепак, фудбалерот, кој сега го носи дресот на Атлетико Минеиро, нема веднаш да се најде зад решетки. Законот му дозволува да достави неколку жалби, и ќе заврши во затвор само откако ќе се донесе конечна пресуда.