Франција размислува да воведе вонредна состојба
Франција размислува да воведе вонредна состојба со цел да се спречи повторувањето на едни од најголемите нереди во последните повеќе од 10 година, изјави денеска портпаролот на француската Влада, Бенџамин Гриво.
– Француската Влада ги повикува мирните демонстранти да седнат на преговарачка маса, додаде Гриво.
Тој посочи дека мораат да ги разгледаат мерките кои ќе се преземат со цел да не се повторат инцидентите.
Имено, францускиот премиер Едуард Филип ја откажал посетата на Полска поради случувањата во Париз.