Франција е најпосетувана земја во светот
Водечка туристичка дестинација во светот е Франција, соопшти Светската туристичка организација.
Франција минатата година привлекла 86,9 милиони патници од странство. Со тоа таа е пред Шпанија (81,8) и САД (75,9 милиони). Следуваат Кина со 60,7 милиони туристи и Италија со 58,3 милиони.
Кога станува збор за континенти, Европа е најатрактивна со 671 милион туристи или 51 отсто од вкупните патувања во странство.
На азиско-пацифичкиот регион му припаѓаат 24 проценти, а Северна и Јужна Америка заедно заземаат 16 проценти.
Сè на сè, Светската туристичка организација изброила 1,32 милијарда меѓународни туристички посети минатата година. Критериумот е најмалку една ноќ во друга земја.