(Фото) Ѕвездите на црвениот килим на “MTV VMA”


САД– Синоќа, во Њујорк се одржа доделувањето на наградите “MTV VMA”. Очекувано, црвениот килим го преплавија бројни познати ликови од светот на шоу бизнисот, кои за доделувањето на видео-музичките награди, се појавија во гламурозни изданија.

Џенифер Лопез го потврди својот статус на вистинска ѕвезда во шоу бизнисот, со перформанс за кој многумина коментираа дека беше централниот настан на вечерта.

49-годишната поп дива, на годинешниве VMA го доби специјалното признание Michael Jackson Vanguard Award, а моментот кога ја прими наградата го искористи за емотивен говор посветен на нејзините близнаци, на фановите и нејзиното момче Алекс Родригез.

Камила Кабејо со „Havana“ ја освои наградата Видео на годината, а исто така во нејзини раце заврши и посакуваната награда Изведувач на годината.

Карди Би стана Најдобар нов изведувач, додека таа заедно со Џенифер Лопез и Диџеј Калед ја освоија наградата за Најдобра соработка за песната „Dinero“.

Во категоријата поп победи Аријана Гранде со „No Tears Left to Cry“, во рок Imagine Dragons со „Whatever It Takes”, во хип хоп Ники Минаж со „Chun-Li“, а во денс Авичи и Рита Ора со „Lonely Together“.