(Фото): Традиционалната борба со портокали во Италија
Еден од најнеобичните италијански фестивали, Борбата со портокали собра илјадници луѓе во малиот град на северозападот на земјата, на масовна овошна борба.
Фестивалот што трае три дена во градчето Ивреа, Пиедмонт се одржува секоја година од 1808 година, па во 2019 година се одржа по 211 пат.
Голема толпа луѓе се собраа во градот на Борба со портокали, сочна „војна“ која се верува дека го означува револтот кон монархијата.
Фестивалот почна во саботата и ќе трае до вторник.
Според легендата, во 12 век бунтот почнал откако баронот посетил девојка дента на нејзината венчавка, надевајќи се дека ќе си го оствари правото на секс со неа, кое го имале сите достоинственици со девојките од пониските класи.
Но, девојката се спротивставила, му ја отсекла главата на баронот, и се шетала со неговата глава низ градот, што било поттик за востание.
Секоја година, фестивалот претставува симбол на таа борба претставена преку борбата со портокали, а они кои одат на фестивалот, наречени аранчери, се поделени во тимови.
„Пешадијата“ го претставуваат обичниот народ, а се поделени во девет тимови под различни амблеми. Другите, ги портретираат трупите на Наполеон, кои владеле со градот, а се борат „јавајќи“ нацртани коњи.
Луѓето облечени како Мугнаjа (ќерката на воденичарот, девојката која ја почнала борбата), која се викала Виолета, а Наполеонски офицери парадираат низ градот. Виолета им нуди слатки и мали закуски на оние кои доаѓаат да гледаат.
Гајби со портокали стојат по крајот на улиците за „борците“ да се снабдат со оружје.
Не е јасно зошто токму портокалите се избрани за овошје со кое ќе се борат, а порано се користеле и јаболка и грав.
Секоја година, илјадници килограми портокали се увезуваат од Сицилија во северо-западниот град.
Гледачите може да носат црвена капа, за да знаат „борците“ дека тие не се учесници, но и дека не смеат да фрлаат портокали кон другите. За да се заштитат од „борбата“ може да стојат зад оградите наместени пред зградите со кои се штитат фасадите на зградите во Ивреа.
Има обичај да се пали логорски оган, како симбол на револт, но и показател дека доаѓа пролетта, а има и музички и театарски точки, препознатливи на сите италијански карневали.