( Фото) Се омажи манекенката Шанина Шајк: Романтична свадба на Бахамите
САД– Манекенката од Викторија сикрет, Шанина Шаик се омажи за Ди-џеј Ракус, со кого била во врска подолго време.
Свадбата во бохо стил се одржала на Бахамите, поточно на островот Елеутер, а на приватната свадбена церемонија присуствувале родителите и најблиските пријатели на младоженците. Меѓу нив, секако, и ангелите на Викторија сикрет, моделите – Џасмин Тукс и Надин Леополд.
Манекенката носела бела венчаница од тантела на „Ралф и Русо“ и накит од Лорејн Шварц.