(Фото) Насловницата на „Вог“ со Бијонсе: Брак, деца и разочарувања


САД– Поп-ѕвездата  Бијонсе прозборе за бракот, децата и љубовните разочарувања во септемврискиот „Вог“, најпрестижното издание во светот на модата.

Уредничката Ана Винтур и дозволи на Бијонсе да избере фотограф- таа за прва пат во 126 години постоење на „Вог“ избра црномурест фотограф, и сама да ја напише статијата. Модната икона позира во фустани на „Гучи“, „Валентино“, „Луј Витон“ и „Александер Меквин“.

Бијонсе ја красеше престижната насловница и во 2009, во 2013 и во 2015 година.