(Фото) Концерт за Тоше: Ѕвезди, солзи и насмевки


-Ве сакам сите, ја повтори синоќа омилената реченица на Тоше, славниот англиски продуцент Енди Рајт, на концертот во Скопје во чест на прерано починатата и никогаш непрежалена наша најголема ѕвезда. Ако верувате во чуда, тогаш нашиот ангел, од горе гледаше како македонските и регионални  ѕвезди во еден здив ги пејат најголемите негови хитови: Тамара, Тијана, Каролина, Даниел Кајмакоски,Наум Петрески, Ања Рупел, Владо Калембер, Борис Новковиќ,Фрајле, Александра Радовиќ, Денис Димоски, Антониа Гигоска, Александар Тарабунов,Александра Јанева… Сите беа придружувани од бендот на Тоше, кој го следеше долги години насекаде, а специјално за публиката ја изведе песната „Срце није камен“.

Беа промовирани и два спота од досега необјавените песни на  Тоше на англиски јазик, а кои се на албумот „Secret place“ на кој има седум сосема нови песни, и 3 демо верзии.

На сцената се појави и Кристијан Ристески, внукот на Проески, кој во живо ја испеа неговата песна „We are blood“, посветена на неговиот вујко, додека во позадина вртеа нивни заеднички фотографии.

Во ВИП Арената „Борис Трајковски“ имаше и ѕвездено небо, како и многу,  солзи и насмевки. И 11 години подоцна ништо не е исто после него, неговото присуство недостасуваше повеќе од било кога. (Л.С.)

Фото: Борис Грданоски