(Фото) Кејт Аптон бремена позираше за бренд за долна облека


САД– Брендот за долна облека „Јамамај“ ја ангажираше бремената Кејт Аптон за есенската кампања. Кампањата е снимена во луксузен апартман во Њујорк. Супермоделот и актерка со сопругот, безбол играчот Џастин Варландер се венчаа лани на романтична свадба во Италија. Двојката летово го очекува своето прво дете.

Кејт беше избрана од страна на престижниот магазин “Максим “за најсексипилната жена за 2018 година. Ја красат облини, харизма и убавина и е една од најангажираните манекенки во престижните модни магазини, меѓу кои и „Спортс илустрејтед“.

Неодамна Кејт го обвини косопственикот на брендот „Гес“ Пол Марсиано за сексуално вознемирување.