(Фото) Велигден во пролетните колекции: Стилизирани јајца
САД – Мало чудо кое во себе крие голема традиција и историја. Јајцето некој го сака на чинија, некој на лице, како украс или како симбол. Богатство во животот на секој човек или колекционер.
Топ-дизајнерите во пресрет на велигденските празници, ги преселија луксузните креации од модните писти во кујните на топ-готвачите и домаќинките. Ги стилизираа јајцата исто како што манекенките блеснаа на ревиите на пролетните колекции.