(Фото) Ангела од Куманово со титула прва придружничка на „Miss Freedom of the World“


Убавицата Ангела Анчевска (20) од Куманово освои титула прва придружничка на изборот на убавина „Miss Freedom of the World“ што викендов се одржа во Призрен, на Косово. Убавици од 15 држави земаа учество на изборот кој се одржува веќе осум години. Победничка на изборот беше претставничката од Мексико, а за втора придружничка е избрана убавицата од Португалија.

Убавиците пристигнаа во Призрен една недела пред финалето и имаа повеќе презентации и настапи во повеќе градови низ Косово.

Ангела за цело време на подготовките на изборот ја имаше поддршката на Роберт Граматиков кој е нациионален директор за овој избор во Македонија.

Ангела во Призрен носеше бикини и гардероба на модната куќа „Нана“ од Штип.

Анчевска студира на Филозофски факултет во Скопје, на отсекот за Безбедност, одбрана и мир. Веќе две години работи како модел, фотомодел.

Следен настап на нашата убавица е учество на изборот за модели кој ќе се одржи во ноември во Кина. (Л.С.)