Форбс: Сопственикот на „Амазон“ е најбогат Американец


САД– Богатството на 400-те најбогати луѓе во САД наведени во магазинот “Форбс” во 2018 година достигна рекордни 3.000 милијарди долари, што е за 7 отсто повеќе од минатата година.

Американскиот претседател Доналд Трамп падна од 248. на 259. место со 3,1 милијарда долари, колку што имаше во 2017 година.

Прв на листата на најбогатите луѓе во САД е основачот и сопственикот на онлајн-трговската компанија „Амазон“, Џеф Безос со 160 милијарди долари. Така, тој ја превзема лидерската позиција од еден од основачите на технолошкиот гигант на „„Microsoft““, Бил Гејтс, кој ја предводеше оваа листа во 24 последователни години. „Форбес“ го проценува неговото богатство на 97 милијарди долари.

Третото место е за инвеститорот Ворен Бафет со 88,3 милијарди долари.

Според рангирањетона четврто е основачот на „Facebook“, Марк Цукерберг со 61 милијарда долари. Петти е Лари Елисон, кој ја предводи компанијата за компјутерски програми „Орацле“ со 58,4 милијарди долари. Генералниот директор на „Alphabet“, Лари Пејџ е шести со 53,8 милијарди долари.

Седмото и осмото место се за браќата Чарлс и Дејвид Кук, генерален менаџер и извршен потпретседател на семејната компанија „Koch Industries“. Секој од нив е проценет на 53,5 милијарди долари. Деветтото место го држи претседателот на „Alphabet“, Сергеј Брин со 52,4 милијарди долари, а десетти е Мајкл Блумберг, основачот на истоимената агенцијата за бизнис информации со богатство од 51,8 милијарди долари.