Финансиските друштва ја исполнија целта – станаа дополна на кредитната активност на банките, особено за клиенти со ограничен пристап до банкарски кредити


За традиционалните банки, кредитите претставуваат најзначајна група средства во билансот на состојбата, со учество од над 50% во вкупните средства. Истовремено, кредитите се основен извор на нивните приходи, бидејќи нето-каматните приходи учествуваат со 50-60% во вкупните редовни приходи. Според тоа, приходите што традиционалните банки ги остваруваат од кредитите (камата, провизии и други надоместоци), пресудно влијаат на нивната профитабилност.

За финансискиот пазар учеството на традиционалните банки е од исклучителна важност за финансиската стабилност и раст на економијата во државата, но поради неможноста секогаш да излегуваат во пресрет на корисниците, тие не ја извршуваат во целост својата задача. Затоа, пред повеќе од 10 години во светот почнаа да функционираат небанкарски финансиски компании (NBFI) кои со својата работа ја дополнуваат активноста на банките со обезбедување средства и ресурси за физички и правни лица. Овие компании создадоа здрава конкуренција за традиционалните банки, поради начинот на давање финансиски услуги и ја исполнија целта на опслужување на јавноста со мали суми и краткорочни заеми до 70.000 денари.

Oнлајн кредитите благодарение на финансиските друштва веќе неколку години се достапни и во Македонија. Без оглед на потребите, онлајн кредитите се добредојдени за сите граѓани кои имаат потреба од финансиски средства, или за оние кои веќе имаат некакво кредитно задолжување во традиционалните банки поради што немаат шанса да добијат традиционален банкарски кредит без гаранција (автомобил, имот или друга сопственост), освен ако не земат поголема сума и да рефинансираат како што вообичаено банките и ги условуваат клиентите.

Во Македонија бројот на современи компании со високи професионални стандарди кои нудат брзи и лесни решенија за микро-кредитирање на физички лица е во постојан пораст. Нивните предности се индивидуалниот пристап, флексибилност, дискреција, едноставност при аплицирањето што подразбира избегнување на шалтерските процедури и непотребната документација, како и исклучување и нотарски трошоци, односно комплетно бесплатна процедура за аплицирање за кредит. Посакуваниот износ се добива истиот ден, во зависност од висината на кредитот и резултатите од проверката на кредитната историја на кредитобарателот, која се врши онлајн.

Поради пристапот кој го практикуваат, начинот на кој ги одобруваат заемите и брзината на исплатата на средствата, финансиските друштва даваат можност граѓаните да можат да го олеснат покривањето на неочекуваните трошоците. Со тоа тие ја оправдаа целта која беше во фокусот на законодавецот кога се носеше Законот за финансиски друштва – да бидат дополнување на кредитната активност на банките, особено за клиентите со ограничен пристап до банкарските кредити поради нивните конзервативни кредитни политики.