Филмот „Исцелител“ ја доби главната награда во Бергамо
Македонскиот филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ја доби главната награда за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Бергамо, Италија.
Интернационалниот филмски фестивал се одржа од 10 до 18 март и годинава беше нивното 36. издание.
Успесите на филмот „Исцелител“ не стивнуваат и на секој меѓународен фестивал каде што досега беше прикажан доби или награда или признание.
Во рецензиите на светските филмски магазини на овој македонски филм му се прогнозира голем успех, но и повод да ја помести напред целата македонска кинематографија.
Поврзани вести:
- Интервју со актерот Благој Веселинов – Холивуд го фали, Македонија не го вработува
- Ѓорче Ставрески, режисер: Сценариото за „Исцелител“ го развивав седум години
- Македонскиот филм „Исцелител“ одлично прифатен на фестивалот во Талин
- „Исцелител“ на 17. Фестивал на медитерански филм во Брисел
- „Исцелител“ -најдобар меѓународен филм на фестивал во Санта Барбара
- „Исцелител“ избран да учествува на „Косморама“ во Трондхајм
- „Исцелител“ премиерно во Норвешка: Филмот продолжува да ја освојува светската публика
- Најчитаните 10 авторски текстови на Независен весник