Филипче контра Кедев: Клиниката за кардиологија е безбедна за пациентите


Mинистерство за здравство ја гарантира безбедноста на пациентите во процесот на лекување и третман на сите нивоа на здравствени услуги, велат од Министерството за здравство откако кардиологот д-р Сашко Кедев обвини дека Клиниката за кардиологија не е во состојба да гарантира безбедно лекување на пациентите.

Кедев е поранешен директор на оваа Клиника.

-Потенцираме дека на Клиниката за кардиологија работат истакнати професионалци од оваа област. Во исто време, тие постојано се доедуцираат во врвни странски и домашни институции. Како Министерство за здравство, ја гарантираме безбедноста на пациентите во процесот на лекување и третман на сите нивоа на здравствени услуги – соопштија од Министерството за здравство.

Од таму велат дека на Клиниката за кардиологија во изминативе неколку месеци не се направени кадровски промени, освен на позицијата шеф на ангио салата. На оваа функција д-р Жан Зимбаков го замени д-р Кедев.