Фејсбук падна, милиони корисници не можат да го користат
Платформата на социјалната мрежа „Фејсбук“ падна и милиони корисници ширум светот се погодени.
Ова е вторпат во рок од еден месец платфмормата на Фејсбук да потфрли и да не може да се користи нормално.
Засега, нема никакво објаснување од менаџментот за дефектот.
Според странските медиуми, најмногу се погодени корисниците на Велика Британија и Белгија, но пријави за неможност од користење стигнуваат и од Унгарија, Полска и од Балканот.
Бројни пораки за дефектот на Фејсбук се споделуваат и на Твитер, а најмногу штета трпат оние кои ја користат мрежата за професионални цели.